Приказна за Обама
Приказната за Обама почнува многу оддамна иако историјата сега го запиша како првиот црнец претседател на САД. Но како Обама стана претседател? Како се случи црнец да седне во најмоќната фотелја во светот?
Се почна пред многу, многу години. Беа измачувачки, тешки, полни со предрасуди, незнаење…. беа претежно бели години. Многу, многу години беа потребни, а ако пишувам за сите нив ќе ми треба многу простор и време, затоа ќе се задржам само на последниве 45 години.
Некои викаат дека старо куче на нови трикови не се учи. И во право се. Некои викаат дека човекот не се менува. И многу грешат. Старите можеби не се менуваат ама младите се прилагодуваат, оформуваат нови мислења, ги отфрлаат предрасудите, иновираат, менуваат.
Некои викаат преку радикалност не се постигнува ништо. И повторно грешат. Понекогаш само со радикални ставови може да се издвојува победа, рамноправност, рушење на предрасуди. Не. Не понекогаш. Секогаш.
Значи беше тоа пред 45 години. Беше 18 јули 1964 година. Топло лето во Харлем. 15 годишен црнец убиен од бел полицаец. Почна како мирен протест. Заврши после два дена со еден мртов, 500 повредени, 400-500 уапсени. Штета околу 1 милион долари. Од таму потекнува слоганот “Burn baby, burn.”
Една година подоцна. 11 Август 1965 година, Ватс, Калифорнија, во близина на Лос Ангелес. Почна мирно. Заврши после 5 дена. 34 мртви, 1032 повредени, 3952 уапсени. Штета40 милиони долари.
Две години подоцна. Лето господово 1967, 23 Јули. Детроит. До раните утрински часови црците во локал славеа враќање на двајца воени ветерани од Вијатнам. Дојде полиција која наместо неколку луѓе затекнаа 82 црнци. И се решија да ги уапсат сите. Набргу почна. Се заврши за два дена. 43 загинати, 467 повредени, преку 7200 уапсени и преку 2000 згради запалени.
Година дена подоцна. 1968 година, 4 април. Убиство на Мартин Лутер Кинг. Востание. Нереди во преку 110 градови во САД. Почна во Вашингтон и набрзо се прелеа во цела Америка. Само во вашингтон имаше 12 мртви, 1097 повредени и преку 6100 уапсени.Штетата само во Вашингтон беше 27 милиони долари што денес би изнесувало околу 160 милиони долари.
(Убиството - наводно - го изврши Џејмс Ерл Реј. Осуден на 99 години затвор без судење. Имено адвокатот му кажал да се изјасни како виновен за да избегне смрттна казна. Подоцна Џејмс ќе изјави дека тој не пукал во Мартин Лутер Кинг, иако признава дека можеби бил вмешан без да знае. Сака да укаже на заговор. Во 1997 година синот на Мартин Лутер Кинг, Декстер се среќава со Реј и му дава јавна поддршка во барањата на Реј за отварање на случајот и одење на судење, оној процес кој никогаш не го добил. Фамилијата на Мартин Лутер Кинг не верува дека Реј имал некаква поврзаност со атентатот. Во 2000 година владата го затвори случајот, утврди дека немало заговор, и препорача овој случај да не се отвара повторно. Реј беше погребан во Ирска затоа што не сакал да почива во Америка.)
Блиско минато. 1992 година. Лос Анџелес. 29 април. 4 полицајци се снимени на видео како претепуваат црнец. Шест дена беснеење. 53 мртви, околу 2000 повредени. Штета од околу 1 милијарда долари.
Уште поблиско минато. 2001 година, 9 април. Синсинати. 19 годишен црнец (Тимоти) убиен од бел полицаец. Помеѓу февруари и април 2001 година 15 црнци помлади од 40 години биле убиени од полицијата или умреле во притвор. Од тие 15 црнци тројца не ни имале оружје кога биле застрелани, а еден од тие тројца бил и младиот 19 годинешен Тимоти. 3 дена безредие. Штета од 4 милиони долари. 63ца добиле кривични пријави. Но тука не завршува. 14 април. Погребот на Тимоти. Спонатно почна марш од 2000 луѓе кои му одаваа последен поздрав на Тимоти. Полицијата пристигна. Отвори оган со гумени куршуми на луѓето. Повредени жени, деца, стари и млади. Но и тука не е крајот. Следи бојкот на Синсинати. Градот губи 10 милиони долари само до крајот на годината. Пристигнува и тужба против градот од страна на федералните власти (Federal lawsuit). Постигнат е договор со кој градот ќе мора да ја смени политиката кон црнците.
Најнова историја. Обама претседател на Америка.
Како стигна до таму? Не, тој не беше радикален. Ама немаше да биде ни претседател ако неговите не биле радикални. Затоа што после секој бунт, после секое востание се кинат окови, за еден ден комплетно да ги снема.
Револуции секогаш биле и ќе бидат радикални.
Коментари (0)
Прати по е-пошта
Печати
244 Пати прочитано 
Коментари (1)






